Дома Останати Кошарка Кошаркарско чудо: Словенец постигна 89 поени на еден натпревар!

Кошаркарско чудо: Словенец постигна 89 поени на еден натпревар!

Понекогаш во кошарката посебно кога во прашање се помладите возврасти може да се видат неверојатни исходи на натпреварите.

Во квалификациски натпревар за деца до 15 години се сретнаа КК Преболд и Кк Врани Вранско во Словенија. Гостите славеа со 107:98, а вниманието на овој натпревар го собра Нејц Тевзиќ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тој уфрли дури 89 поени за својот тим. Погоди 23 шута за два поени, девет тројки и 16 пати поентираше од линијата за слободни фрлања.

Овој талентиран 14 годишен кошаркар просечно постигнува нешто повеќе од 30 поени по натпревар и најавува голема кариера, па можеби еден ден ќе го гледаме во НБА како неговиот славен сонародник Лука Дончиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Брони Џејмс знаел да игра кошарка: Синот на Леброн блесна и ги замолче критичарите (Видео)

Ова лето НБА драфтот најмногу беше запаметен по Брони Џејмс, кој беше избран како 55-ти пи…