Дома Фудбал Лига на шампиони Го отпишаа, им даде два гола во историското понижување, а ако ја освои ЛШ Барса ќе треба и да плати

Го отпишаа, им даде два гола во историското понижување, а ако ја освои ЛШ Барса ќе треба и да плати

Фелипе Кутињо на почетокот на 2018 година пристигна во Барселона од Ливерпул како големо засилување.

Каталонците за неговите услуги издвоија дури 160 милиони евра, но тој баш и не се прослави на „Камп Ноу“. Минатото лето Барселона одлучи да го испрати на позајмица. Тоа што прерано го отпишаа најтешко им падна вчера кога Кутињо постигна два гола во еден од најтешките порази на Барселона во историјата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Баерн ги декласираше со 8:2, дело на Кутињо беа последните два гола.

И сега за на Каталонците да им биде уште потешко ќе мораат да платат пет милиони евра на Ливерпул ако Кутињо со Баерн ја освои Лигата на шампионите. Таква клазула има во договорот помеѓу „црвените“ и Каталонците.

Иако Кутињо не би ја освоил ЛШ со Барселона, тој под договор е играч со Барселона, па затоа би се активирала и клазулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Амбициозен потег: Интер Мајами ангажира сонародник на Меси

Интер Мајами, клубот каде што настапува Лионел Меси, планира да испрати официјална понуда …