Дома Македонски спорт Мак ракомет Раул: Сакаме да славиме во Украина!

Раул: Сакаме да славиме во Украина!

Ракометната репрезентација на Македонија ги одработува последните денови од подготовките за дуелите со Украина и со Чешка, последните два од квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018.

Иако Украина во квалификациите на домашен терен ги победи Чешка и Исланд, нашиот селектор Раул Гонзалес најави победа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Ситуацијата во групата е крајно изедначена, мора да го респектираме секого. Украина ги победи дома Исланд и Чешка, но ние сакаме да победиме таму. Се работи за репрезентација која има одлични шутери. Ако играме како со Исланд, но и поправиме дел од грешките може да се надеваме на победа. Сакаме триумф, пред натпреварот против Чешка на домашен терен“, изјави Гонзалес.

„Ние сме подготвени, во отсуство на Маркоски ќе играме друга варјанта. Имаме шанса за победа. Ние ќе играме без притисок дека можеме да бараме и втора шанса на неделниот натпревар со Чешка на домашен терен“, додаде селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…