Младиот сенегалски напаѓал Исмаил Сар игра солидна прва сезона во Премиер лигата во дресот на Ватфорд.
Засилувањето од Рен за 30 милиони евра имаше лош почеток на сезоната, но во последно почна да ги оправдува вложените средства.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
22-годишниот Сар е трансфер желба на Ливерпул, кој веќе стапил во контакт со неговиот менаџер.
Клоп сака да го засили нападот и во Сар гледа идеално засилување бидејќи може да игра на повеќе позиции во нападот. Притоа, Сар е голем пријател со Мане и одлично функционираат заедно во репрезентацијата.
Ватфорд на едно коло пред крајот се бори за опстанок и доколку испадне во Чемпионшип целата на Сар многу ќе падне, па „црвените“ сакаат да ја искористат таквата ситуација.
Liverpool 'monitoring' Watford winger Sarr and could make a move if Hornets are relegated https://t.co/H2OyUkpYJC
— MailOnline Sport (@MailSport) July 22, 2020