Европските шампиони, ракометарите на Вардар, по историскиот успех денеска се враќаат во Скопје.
Пречекот на новите херои на нацијата ќе биде организиран на плоштадот „Македонија“.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Ракометарите со редовна линија на „Виз Ер“ полетаа од Дротмунд, а се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ во 11.15 часот од каде што ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, па лево кон булеварот Гоце Делчев, зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“.
Оттаму шампионите ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“.
Во 13 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар“ да пристигнат на плоштадот „Македонија“, преку Порта „Македонија“.