Девет натпревари беа одиграни изминатата ноќ во НБА лигата, а најголемото изненадување го направија Бруклин Нетс кој на гости во Стејплс Центарот ги совлада Лејкерси.
Спејсер Динвиди погоди за предност на Нетси од 101:104 на 28 секунди до крајот, Лејкерси го имаа последниот напад, Ентони Дејвис промаши тројка. Динвиди мечот на крај го заврши со 23 поени, додека на Лејкерси не им помогна ниту Леброн кој имаше учинок од 29 поени, 12 скокови и 9 асистенции. Дејвис натпреварот го заврши со 26 поени и 8 скокови.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар, но Далас во дербито на Тексас изгуби од Сан Антонио со резултат 119:109. Иако Мавси имаа предност во текот на три четвртини Спарси во последната го свртија натпреварот во своја корист и победија.
Дончиќ натпреварот го заврши со 38 поени, 8 асистенции и 7 скокови, додека кај победничкиот тим Лемаркус Олдриџ средбата ја заврши со 24 поени.
НБА резултати:
Индијана – Бостон 111:114
Вашингтон – Њујор 122:115
Чикаго – Кливленд 108:103
Хјустон – Минесота 117:111
Мемфис – Орландо 115:120
Сан Антонио – Далас 119:109
Портланд – Далас 119:109
Голден Стејт – ЛА Клиперси 107:131
Лејкерси – Бруклин 102:104