Фудбалерите на Барселона играат вечерва против Наполи во рамките на осминафиналето во Лигата на шампионите.
Каталонскиот клуб доаѓа во Сан Паоло како фаворит, но нема да им биде лесно бидејќи не се во добра форма и не играат убедливо, особено на гостувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пике знае дека на Барселона воопшто нема да и биде лесно на „Сан Паоло“ бидејќи Наполи има квалитетен тим.
„Мора да се плашиме од многу нешта за Наполи. Тие не ја започнаа сезоната најдобро, но во последните неколку недели тие играат многу подобро. Имаат добри играчи како Мертенс, Инсиње и Милик. Можат да ни предизвикаат проблеми на теренот и мора да внимаваме на нив и важно е да се постигне гол“, изјави Пике.
Ова ќе биде прв пат Меси да игра на стадионот кој е „храм“ на неговиот славен сонародник Диего Марадона.
„Се е кажано за Марадона. Тој беше уникатен играч кој даде многу на фудбалот. Играше за двата клуба и ќе остане засекогаш запаметен. Сепак, ако ме замолите да ги споредам, тогаш го избирам Меси, бидејќи неговата магија трае многу подолго од онаа на Марадона. Јас секогаш би го одбрал Меси пред Марадона“, категоричен беше дефанзивецот.