Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски повика 22 фудбалери за претстојниот контролен натпревар со Турција и квалификацискиот со Шпанија.
На списокот на селекторот нема играчи од селекцијата до 21 година, кои на 4 јуни ќе ги почнат подготвките за настап на Европското првенсто во Полска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Турција е една фудбалска велесила, предводена од Фатих Терми, тренер кого исклучително го почитувам. Сите мисли ни се насочени кон тој натпревар и очекувам тоа да биде дополнителен мотив за фудбалерите. Јас кажав дека и на пријателските натпревари ќе инсистираме да играме со квалитетни противници“, истакна Ангеловски.
„Посакувам да бидеме на нивото од претходните натпревари, очекувам да бидеме храбри. Посакувам да влезат во тие дуели со верба во своите можности и да го дадат најдоброто од себе. Ние не сме репрезентација која може да ѝ се ‘заканува’ на една Шпанија, но исто така не сакам да бидеме репрезентација што ќе излезе на терен во однапред загубен натпревар“, рече селекторот на Македонија.