Дани Алвес (36) е еден од најдобрите бекови на сите времиња. Фантастичниот Бразилец обележи една епоха во модерниот фудбал, а бројни стратези ќе речат дека токму тој е најдобриот десен бек во историјата.
Алвес на „Камп Ноу“ пристигна од Севиља во 2018 година, а во Каталонија остана осум сезони после Барселона играше во ПСЖ, а минатото лето ја напушти Европа и после 17 години се врати во Бразил. Алвес потпиша за Сао Паоло во кој ужива во залезот на кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во разговор за бразилските новинари Алвес се потсети на ситуација на еден од тренинзите на Барселона, а главен актер во таа ситуација бил Лео Меси.
„Се сеќавам на еден тренинг. Меси правеше работи со топка кои беа невозможни, но тој тоа го прави секој ден. Тој тренинг се беше некако поинаку. Тренерот ни кажа да бидеме максимално сериозни, бараше целосна посветеност. Лео и покрај тие зборови продолжи да прави лудости со топката. Го дриблаше секој играч без проблем. Во еден момент додека поминуваше покрај мене го погледнав во нозете. Копачките му беа одврзани! Останав шокиран. Дриблаше некои од најдобрите дефанзивци во светот, а изгледаше како да се забавува во недела во парк. Во тој момент сфатив дека во животот нема да играм со некој подобар од него“, изјави Алвес.
?️ Dani Alves: "This time, something was different… He comes running past, and I think, 'No, it's impossible.'" ?
— SPORTbible (@sportbible) September 25, 2019
This is quite simply one of the best Lionel Messi stories EVER!https://t.co/KkzKAtk91n