Дома Фудбал Англија Гвардиола на урнебесен начин му одговори на Ето

Гвардиола на урнебесен начин му одговори на Ето

Самуел Ето сигурно е еден од најдобрите напаѓачи кои се појавиле на фудбалските терени, на 38 години тој одлучи да стави крај на кариерата.

Ето откако објави крај најави дека сака да стане тренер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Камерунец при објавата дека ќе се обиде да стане тренер откри:

„Сакам да станам првиот афрички тренер кој ја освоил Лигата на шампионите. Тоа сакам да го направам во стилот на Пеп Гвардиола“, гласеше изјавата на Ето.

Ето како играч три пати ја освои Лигата на шампионите. Во Барселона тоа му успеа со Франк Рајкард и Гвардиола како тренери, додека во Интер тоа го направи под водство на Жозе Мурињо. Но, очигледно најголем впечаток му оставил Гвардиола.

Гвардиола на прес-конференцијата на Сити доби моженост да ја прокоментира оваа изјава на својот поранешен играч и тоа го направи на интересен начин.

„Му благодарам на Самуел. Но прво ќе мора да купи играчи како Ето, дури тогаш ќе може да работи како Пеп“, порача Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…