Дома Фудбал Останато Голема полициска акција: Уапсени два лица поради перење пари при трансферот на Митровиќ!

Голема полициска акција: Уапсени два лица поради перење пари при трансферот на Митровиќ!

Англиските медиуми пренесуваат дека во тек е голема полициска акција во Лондон, Монако и Брисел поради сомнеж дека се испрани пари во трансферот на српскиот напаѓач, Александар Митровиќ во Њукасл.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Митровиќ во 2015 се пресели на Сент Џејмс Парк во зделка вредна околу 18,5 милиони евра, но неодамна беше отворена истрага поради сомнителни активности и во април беше извршен претрес во канцелариите на Андерлехт и Фудбалската федерација на Белгија.

Утрово имало нови претреси на седум локации во Белгија, Монако и Лондон и биле уапсени две лица поради перење пари и корупција. Во акцијата се уапсени еден менаџер и неговиот асистент, но се уште не се споменуваат имињата.

Кога трансферот се реализираше пред четири години, медиумите шпекулираа дека за богатата зделка помогнале познатите агенти Пини Захави и Фали Рамадани, кој по потекло е од Македонија.

Засега, обвинителите не откриват дали овој случај е поврзан со минатогодинешниот скандал кој избувна во Белгија но и во Источна Европа кога полицијата изврши 57 претреси и уапси неколку лица поради сомневање за перење пари и местење натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голман на Ангола беше играч на мечот и стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Голманот на У17 селекцијата на Ангола, Желсон Дала (16), беше прогласен за најдобар играч …