Дома Трансфер зона Не е само Савиќ: Саудијците преговараат и со српскиот напаѓач

Не е само Савиќ: Саудијците преговараат и со српскиот напаѓач

Сергеј Милинковиќ Савиќ е пред трансфер во Ал Хилал, дека работата е блиску да биде завршена потврди и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито (ТУКА). Но, сега „Моцарт Спорт“ објави информација дека овој тим сака уште еден Србин во своите редови.

Наводно, Ал Хилал ќе испрати и понуда до Фулам за ангажман Александар Митровиќ. Саудискиот клуб веќе стапил во контакт со англискиот тим и напаѓачот и одлучен е во намерата да го доведе. Тие се спремни да му понудат многу поголема плата, а Фулам би требало да биде задоволен од оштетата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Финансиките детали не се откриваат, но се наведува дека Митровиќ ќе заработува најмалку два-три пати повеќе.

Митровиќ во англиската Премиер лига зад себе има 128 натпревари и 38 постигнати голови. Во последната сезона настапи на 24 средби и постигна 14 голови.

Во Англија настапуваше и за Њукасл, вкупно на Островот помина осум години откако пристигна од Андерлехт, а сега би можел да дојде крајот на неговата европска епизода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…