Српскиот напаѓач Александар Митровиќ е бесен на челниците на Фулам што не му дозволиле да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија бидејќи веќе во два наврати ги одбиле понудите на Ал Хилал.
Митровиќ сака да замине во Ал Хилал каде ќе заработи огромни пари. Сега подготви и одмазда за Фулам која веќе им ја откри на семејството и пријателите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Митровиќ е еден од низата фудбалери кои сакаат да ги доведат клубови од Саудиска Арабија, а Ал Хилал на српскиот напаѓач му нуди дури 75 милиони евра за тригодишен договор и не е ни чудо што тој со сите сили сака да си замине од Фулам.
Во претходните две сезони Митровиќ играше фантастично и се очекуваше да направи исчекор во кариерата и да потпише за подобар клуб, но кога Ал Хилал му затропа на врата со неверојатна понуда, веќе немаше дилема.
Ал Хилал во претходниот период испрати дури две понуди за Митровиќ, но Фулам ги одби. Лондонскиот клуб не сака да го продаде Митровиќ и потенцираа дека може да замине само доколку Ал Хилал плати околу 60 милиони евра, што тешко се очекува да се случи.
Митровиќ е бесен на однесувањето на сопственикот на Фулам бидејќи јасно кажа дека сака да си замине од клубот, и дека смета дека заслужил да нема никакви проблеми со трансферот по се што направи за тој клуб.
Српскиот напаѓач пред неколку дена ги започна подготовките и треба да биде во авионот за Америка каде Фулам ќе ги одработи најголемиот дел од подготовките, но како што пишува Скај Спорт, тој веќе им го открил планот за одмазда на семејството и пријателите.
Скај Спорт пренесува дека Митровиќ на семејството и најблиските пријатели им рекол дека ќе оди на турнеја во Америка, но дека воопшто нема да игра за Фулам и дека ќе одбие да излезе на теренот секогаш кога тоа ќе му биде побарано.
Митровиќ смета дека на таков начин може да им покаже на челниците на Фулам дека не е паметно да одбијат да го продадат, бидејќи со негово задржување очигледно нема да се постигне ништо.
Ќе биде интересно да се види како ќе постапат челниците на Фулам доколку Митровиќ навистина одбие да игра и дали тоа ќе биде клучот за конечно да се согласат да го продадат.