Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди се уште не пронашол нов клуб иако уште пред два месеци Антонио Конте јасно му порача дека нема да смета на него.
Икарди го изгуби местото во екипата на Интер после се што се случуваше минатата сезона и јасно му е порачано да си бара нов клуб бидејќи во Интер повеќе не сметаат на неговите услуги.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Напаѓачот покажа голема желба да премине во Јувентус, меѓутоа Интер не сака да го засили најголемиот ривал. Се појави можност да премине во Рома, но таа опција пропадна кога вчера Џеко официјално го продолжи договорот.
Италијанските медиуми сега пишуваат дека Наполи е најсериозна опција за Икарди. Наполи сака да го доведе пред почетокот на сезоната и Интер на нив е спремен да им го продаде, меѓутоа клубот од Неапол треба да се договори со Аргентинецот.
„Тутоспорт“ утрово објави дека Интер ја прифатил понудата од Наполи вредна 60 милиони евра. Сепак, останува да се види дали Наполитанците ќе постигнат договор со Икарди.