Фудбалерите на Борусија Дортмунд во натпревар од припремите за новата сезона го победија Ливерпул со 3:2.
Дортмунд и Ливерпул се наоѓаат на припреми во САД и тоа го искористија да одиграа пријателски натпревар. На крајот победи германскиот тим со 3:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Дортмунд поведе во третата минуга кога Рејн за пиша асистенција, а мрежата на „црвените“ ја погоди Пако Алкасер. Кон крајот на првиот дел Ливерпул изедначи преку Вилсон на 1:1, асистент беше Фабињо.
Во второто полувреме видовме уште три гола. На самиот старт Дортмунд доаѓа до предност од 3:1, а головите за германскиот тим ги постигна Деленеј и Брун Ларсен.
Во 75-тата минута Бревстер од пенал ги постави конечните 3:2.
https://www.youtube.com/watch?v=RgSiPnUs8Eg