Во текот на вчерашниот ден во медиумите се појавија информации дека Мбапе поставил услови до Пари Сен Жермен.
Барањата кои вчера се појавија во медиумите не беа поврзани со финансиските услови. Се пишуваше дека Мбапе сака да ги изведува пеналите и не сака да игра по страничните позиции. Наводно го притискал клубот да игра со двајца класични напаѓачи…Сега ваквите шпекулации ги искоментира самиот Мбапе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мбапе на Твтиер ги сретна овие „информации“ и не пропушти да им возврати.
„Се извинувам, заборававите нешто, Килијан Мбапе сака да биде и голман. ЛАЖНИ ВЕСТИ“, гласи одговорот на младиот фудбалер.
Sorry you forgot something, Kylian Mbappé want to play goalkeeper ?
FAKE NEWS ❌❌❌❌❌
— Kylian Mbappé (@KMbappe) June 12, 2019