На Манчестер Јунајтед му претстои турбулентно лето после неуспешната сезона, бидејќи е спремен да прави реконструкција на тимот.
Не престануваат шпекулациите за можно заминување на Пол Погба и Де Геа, но клубот засилено работи на доведување нови засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последните информации од Шпанија говорат дека примарна трансфер цел на „црвените ѓаволи“ ќе биде Иван Ракитиќ од Барселона.
Каталонски „Спорт“ тврди дека клубот од „Олд Трафорд“ веќе ги направил првите контакти со Барселона и менаџерот на Хрватот.
После доаѓањето на Френки де Јонг, минутажата на Ракитиќ сигурно ќе се намали, па клубот е спремен да го продаде Хрватот ова лето, бидејќи смета дека ова е последна шанса добро да заработи на неговото заминување.
31-годишниот плејмејкер нема ништо против да се пресели во Премиер лигата, а медиумите тврдат дека двата клуба можат да го договорат трансферот за 50 милиони фунти.