Дома Фудбал Шпанската легенда предизвика бура: Рејес не заслужува да биде испратен како херој!

Шпанската легенда предизвика бура: Рејес не заслужува да биде испратен како херој!

Вчера Шпанија и фудбалскиот свет остана во шок после веста за трагичното згаснување на животот на Хозе Антонио Рејес.

Поранешниот фудбалер на Севиља, Арсенал и Реал Мадрид го изгуби животот откако излета од патот со својот Мерецедес при врзина од 200 километри на час. Трагедијата е уште поголема затоа што во возилото со Рејес животот го загуби неговиот братучед, додека уште едно лице се наоѓа во критична состојба.

Денес бура во јавноста предизвика објавата на поранешниот шпански голман и легенда на Валенсија, Сантијаго Кањизарес.

„Возењето со голема прзина е несовесно однесување. Во инцидентот настрадаа и други луѓе. Рејес затоа не заслужува да биде испратен како херој. Ова не значи дека не жалам за загубата, се молам за него секако. Не може некој да не жали на вакво нешто“, гласи објавата на Кањизерас со која предизвика големи реакции во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Импресивната низа стигна до бројот 39: „Светот ја виде нашата амбиција“

Големото дерби од првото коло на Лигата на нации синоќа на Вембли го одиграа селекциите на…