Пол Погба помина повеќе време одејќи по теренот од било кој друг играч за врска во англиската Премиер лига, откри интересната статистика.
Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба во последно време наиде на ктирики од навивачите и стручните аналитичари на Островор, пред се поради малото залагање. Изледаше дека на маките на Манчестер Јунајтед и Пол Погба дојде крајот кога на кормилото застана Оле Гунар Солскјер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И навистина, едно време Погба и Јунајтед играа како препородени, но потоа повторно пристигна кризата. Многумина за поголемите проблеми на Јунајтед го обвинуваат Погба кој има „најголемо влијание во соблекувалната“. Додека интензивно се шпекулира за неговиот трансфер во Реал или Јувентус, критичарите на Погба сега добија „потврда“ дека Французинот не се труди во дресот на Манчестер Јунајтед.
Имено, „Sky Sports“ објави статистика на „трчањето“ на Погба, а еден податок особено боде очи. Пол Погба од сите централни играчи за врска во Премиер лигата (од нив 79) помина најмногу време одејќи по теренот.
Never seen a “% time walking” stat pic.twitter.com/ve3CKKzK5t
— Arsène's Son ? (@hughwizzy) April 26, 2019