Дома Фудбал Останато Мбапе со вчерашниот хет-трик испиша историја во Лига 1

Мбапе со вчерашниот хет-трик испиша историја во Лига 1

Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ запиша убедлива победа против Монако 3:1, а херој во овој натпревар на „светците“ беше Килијан Мбапе.

Францускиот голгетер вчера постигна хет-трик, а со тие три погодоци се запиша во историјата на најсилното првенство во Франција.

Имено, Мбапе стана најмладиот играч кој постигнал 30 голови во една сезона во Лига 1.

Освен тоа Мбапе го стигна Меси и оваа сезона само тој и Аргентинецот имаат постигна 30 или повеќе голови кога се гледаат само најсилните пет првенства.

Треба да се спомене дека ова беше петти хет-трик во кариерата на суперталентираниот 20 годишен фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Братот на Игуаин навреди судијка и веднаш доби отказ

Фудбалскиот клуб Columbus Crew од американската MLS лига му врачи отказ на Федерико Игуаин…