Фудбалскиот клуб Вардар, во петок, на прес конференција ќе го промовира Дарко Панчев во нов спортски директор и ова ќе биде трет пат легендата да има некоја од раководните функции во Вардар.
Најдобриот македонски фудбалер на 20-от век, европски и светски шампион со Црвена звезда, Дарко Панчев, ќе биде новиот спортски директор на фудбалскиот клуб Вардар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Панчев, на прес конференција, која ќе се одржи во петок, официјално ќе ја преземе функцијата. Тој трет пат се враќа во клубот на некоја од раководните позиции.
Дарко Панчев е дел од најславната генерација на Вардар, која во 1987 година ја освои титулата во првенството на СФРЈ. Дресот на Вардар го носеше од 1983 до 1988 година, за „црвено-црните“ постигна 84 голови на 154 натпревари, потоа до 1992 година одигра 91 натпревар и постигна 84 голови за белградска Црвена звезда. Со клубот од Белград ја освои европската и светската клупска титула, а беше „Златна копачка“ на Европа.
Во кариерата настапуваше уште за Интер, Лајпциг, Фортуна Дизелдорф и Сион.