Дома Фудбал Англија Сари збесна: Аризабалага не го послуша и не сакаше да биде заменет – и остана во игра! (ВИДЕО)

Сари збесна: Аризабалага не го послуша и не сакаше да биде заменет – и остана во игра! (ВИДЕО)

Денес и второто големо дерби во Англија после она во Премиер лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул заврши без голови. Меѓутоа Челзи и Манчестер Сити играа во финалето од Лига Купот, па тука победник мораше да има.

Во овие моменти се изведуваат пеналите, а неверојатна ситуација се случи во финишот од второто продолжение.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, Сари сакаше да го замени Кепа Аризабалага и во пенал рулетот на голот да биде Вили Кабаљеро меѓутоа Шпанецот одлучи да остане на теренот и не го послуша својот стратег.

Ќе биде интересно да се види каков ќе биде односот на Сари кон Аризабалага после оваа ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На Кансело му доаѓа крајот во Барселона и веќе се нуди на нов клуб

Жоао Кансело зимава пристигна како неочекувано засилување за Барселона, но иако игра доста…