Дома Фудбал Италија Ексклузива од Русија: Сари ќе биде новиот тренер на Милан!?

Ексклузива од Русија: Сари ќе биде новиот тренер на Милан!?

Според последните информации, Маурицио Сари може да биде новиот тренер на Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест ја пренесоа руските медиуми, бидејќи московскиот Спартак го контактирал Италијанецот, но тој и се заблагодарил и им соопштил дека ја одбива понудата затоа што ќе го преземе Милан?!

Антонио Конте беше опција, но тој е многу поблиску до Наполи, додека Тијаго Мота практично ги договори сите услови со Јувентус.

Милан нема многу опции, а Сари е тренер кој одлично го познава италијанскиот фудбал и има успех зад себе.

Сари неодамна го напушти Лацио по серијата лоши резултати, меѓутоа не беше означен само тој како главен виновник бидејќи тука удел имаше лошата атмосафера и трансфер политиката.

Од Италија засега нема потврди, но руските медиуми со прилична сигурност ја пренесуваат вест. Ќе потсетиме, Милан во овој момент е предводен од Стефано Пиоли, но се најавува дека тој ќе добие отказ на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Херојот Возиња добил две неочекувани понуди за продолжување на кариерата!

Фудбалот често нè изненадува со своите неверојатни приказни, а еден таков пример е Возиња,…