Се чинеше дека ќе остане и верува дека може да обезбеди учество во Лигата на шампионите за следната сезона, но Маурицио Сари поднесе оставка на местото тренер на Лацио.
Во претходниот месец се изгледаше дека Сари полека ја губи довербата во тимот. Од победата над Баерн единствена светла точка беше триумфот на гости кај Торино.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако тимот од Рим во Минхен пристигна со позитива од првиот натпревар, евидентно беше дека е само прашање на време кога Баварците ќе ја тресат мрежата на Иван Проведел и ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.
Медиумите во Италија во понеделникот објавија дека Сари одлучил да остане на клупата и дека целта е петтото место кое најверојатно ќе води во Лигата на шампионите. Но, утрово италијанскиот тим објави дека Сари официјално заминува, а него ќе го наследни помошникот Џовани Мартушијело кој потпиша договор до крајот на сезоната.