Дома Фудбал Италија Видео од натпреварот кој вчера беше вест на денот: Еве како Пјанченца прими 20 голови (ВИДЕО)

Видео од натпреварот кој вчера беше вест на денот: Еве како Пјанченца прими 20 голови (ВИДЕО)

Фудбалскиот натпревар од италијанската Серија Ц, Група А, помеѓу Кунео и Про Пјаченца вчера стана вест на денот не само на Апенините, туку во цела Европа.

Имено, овој натпревар ќе влезе во историјата бидејќи домаќините победија со несекојдневен резултат 20:0.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Про Пјаченца ја минува најтешката сезона во историјата, поради неисплатени плати речиси сите играчи го напуштија клубот, а последните три меча Про Пјаченца ги изгуби без борба со 3:0 што според правилата уште едно неизлегувањена теренот значи автоматска суспензија и исфрлување во најнизок ранг.

За да го сочува третолигашкиот статус, мечот го одигра со само седум тинејџери, кои денес на гостувањето загубија со неверјатни 20:0.

Про Пјаченца за овој меч дошла само со 8 тинејџери на возраст од 16 до 19 години, но едниот од нив, Исуфи ја заборавил личната карта па не можел да влезе на терен. Кога се вратил во 64-та минута веќе беше 17:0 за Кунео.

Имено, Кунео кој целата сезона има постигнато само 18 гола, уште во првото полувреме постигна 16, а најмногу се истакна Хишам Канис, кој постигна дури шест гола.

Домашните фудбалери го намалија темпото во второто полувреме и постигнаа само четири погодоци. На клупата на Пјаченца немаше ниту тренер, ниту физиотерапевт, ниту измена. Капитенот, кој има само 19 години беше пријавен и како тренер на тимот од Пјаченца.

Сега се појави и видео овој натпревар кој дефинитивно е реткост во фудбалот.

https://youtu.be/uUhd9Hi0ZiY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер го разочара Чалханоглу, неговата сопруга одговори жестоко

Фудбалерите на Интер продолжија со серија на слаби резултати во последно време откако беа …