Дома Фудбал Италија Трагикомедија во Италија: Про Пјаченца играше со седум фудбалери, загуби 20:0

Трагикомедија во Италија: Про Пјаченца играше со седум фудбалери, загуби 20:0

Фудбалскиот натпревар од италијанската Серија Ц, Група А, помеѓу Кунео и Про Пјаченца стана вест на денот не само на Апенините, туку во цела Европа.

Имено, овој натпревар ќе влезе во историјата бидејќи домаќините победија со несекојдневен резултат 20:0.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Про Пјаченца ја минува најтешката сезона во историјата, поради неисплатени плати речиси сите играчи го напуштија клубот, а последните три меча Про Пјаченца ги изгуби без борба со 3:0 што според правилата уште едно неизлегувањена теренот значи автоматска суспензија и исфрлување во најнизок ранг.

За да го сочува третолигашкиот статус, мечот го одигра со само седум тинејџери, кои денес на гостувањето загубија со неверјатни 20:0.

Про Пјаченца за овој меч дошла само со 8 тинејџери на возраст од 16 до 19 години, но едниот од нив, Исуфи ја заборавил личната карта па не можел да влезе на терен. Кога се вратил во 64-та минута веќе беше 17:0 за Кунео.

Имено, Кунео кој целата сезона има постигнато само 18 гола, уште во првото полувреме постигна 16, а најмногу се истакна Хишам Канис, кој постигна дури шест гола.

Домашните фудбалери го намалија темпото во второто полувреме и постигнаа само четири погодоци. На клупата на Пјаченца немаше ниту тренер, ниту физиотерапевт, ниту измена. Капитенот, кој има само 19 години беше пријавен и како тренер на тимот од Пјаченца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Јувентус жестоко го навредија Влаховиќ, па тој одговори на Инстаграм

Навивачите на Јувентус не се задоволни од настапите на нивниот напаѓач и српски репрезента…