Дома Фудбал Ракитиќ: Жал ми е што ја победивме Севиља со 6:1

Ракитиќ: Жал ми е што ја победивме Севиља со 6:1

Иван Ракитиќ вчера беше стрелец во убедливата победа на Барселона против неговиот поранешен тим, Севиља (6:1).

Барселона откако во првиот натпревар изгуби со 2:0, на „Ноу Камп“ ја декласираше Севиља и обезбеди место во полуфиналето на шпанскиот куп.

После натпреварот Ракитиќ порача и дека му е жал што ја победиле Севиља со толкав резултат.

„Се обидуваме да играме подобро. Пред нас се уште многу натпревари, а сега сакаме да уживаме во пласманот во полуфиналето од купот. Ги сакаме сите трофеи. Кога е Севиља во прашање имам голема почит кон овој клуб и жал ми е што ги победивме така убедливо. Но, јас сум професионалец и денес дадов се од себе“, изјави Ракитиќ.

https://youtu.be/jQ1T-DIz-EA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан збесна по голот за победа на Франција, за малку ќе се повредеше (Видео)

Селекторот на Франција, Зинедин Зидан, не можеше да ја сокрие радоста откако Мајкл Олисе п…