Дома Фудбал Останато Бил удрен од автомобил, двоумење помеѓу два спорта, а на лето го чека светска сцена!

Бил удрен од автомобил, двоумење помеѓу два спорта, а на лето го чека светска сцена!

Фудбалерот, Жан Клер Тодибо за кого денес пристигна официјалната потврда дека се сели во Барселона има интересна животна приказна.

Каталонците денес го официјализираа трансферот на Тодибо. Ова момче игра на стоперската позиција, но може да се користи и како последен играч за врска.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Тодибо наполни 19 години на 30-ти декември, зад себе има и еден погодок во професионалната кариера. Но, неговата кариера можела да заврши уште пред да започне.

Тој бил удрен од автомобил кога имал само девет години.

Некаде во тој период морал да се одлучи со кој спорт ќе се занимава – бил добар во фудбал и џудо.

„Беше 24 мај, имав девет години. Ја науштив куќата и тргнав на тренинг на џудо, ја преминував улицата и ме удри автомобил. Беше тоа голема незгода. Се здобив со повреди на коските на двете нозе, имав неколку скршеници“, се потсети Тодибо за „Ла Депше“.

Во тоа време Тодибо покрај тоа што одел на часови по џудо како што самиот откри, играл и фудбал за Лез Лилас. Тренерот на овој тим, Дилан Гренех го следел неговиот напредок.

„Не бевме сигурни дали повторно ќе игра фудбал“, признал тренерот.

Морал да мирува и да не игра фудбал цела година, а тоа време го искористил да се изгради како личност, денес преболел се што му се случило.

„Се уште ми е тешко кога ќе се сетам, но сето тоа за мене е стара приказна“, изјави Тодибо.

Тој има два идоли – Андреа Пирло и Тиаго Силва и ќе биде 22-иот француски фудбалер кој ќе игра за Барселона.

Останува да го почекаме летото и да видиме како ќе се снајде во европски гигант како што е Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милевски избра: Македонија со три измени во составот оди по три бода против Казахстан!

Македонската фудбалска репрезентација ќе настапи со изменет состав на денешниот дуел проти…