Арпад Штербик е голманот кој го обележа 14-то коло, последно во фазата по групи во ракометната Лига на шампионите.
Голманот на Вардар вчера беше најзаслужниот за победата над Кристијанштад 32:30. Штербик со своите одбрани во очај ги фрлаше противничките ракометари, а натпреварот го заврши со 21 интервенција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај Штербик, во тимот на колото се најдоа средниот бек и пикерот на Силкеборг, Себастијан Скубе и Михаел Кнудсен, левото крило на ПИК Сегед Јонас Калман, десното крило на Барселона Виктор Томас, односно левиот бек на Веспрем Момир Илиќ и десниот бек на Монпелје Јуре Доленец.