Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибирова дебитираше со победа, Вардарки во четвртфинале!

Дибирова дебитираше со победа, Вардарки во четвртфинале!

Ракометарките на Вардар, на дебито на новиот тренер Ирина Дибирова, рутински го совладаа Турингер 36:26 и од првата позиција во Групата 1 ќе влезат во четвртфиналето.

ЖРК Вардар и покрај претходните два порази во Лигата на шампионите, Будуќност и Мец, како апсолутен фаворит влезе во дуелот со Турингер и таа улога во целост ја оправда.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На клупата на Вардар на овој натпревар дебитираше Ирина Дибирова, но со оглед на разликата во квалитетот тешко може да се оцени колкаво беше нејзиното влијание во убедливиот триумф.

Забележливо беше дека во одредени периоди Вардарки акциите ги завршуваа преку кружниот напаѓач, а за разлика од претходникот Давид Дејвис не ја менуваше често поставата.

„Благодарност до девојките за она што го одиграа, исто така им благодарам на Кокшаров и Станковски кои многу ми помогнаа. До наредниот меч имаме доволно време за подготовка, а не како што сега имавме само три дена. Одигравме агресивно, тоа е добро и се надевам дека ќе бидеме уште подобри на наредните натпревари“, рече по натпреварот Дибирова.

Најефикасна кај Вардар беше Радичевиќ со девет голови, а по пет постигнаа Лекиќ и Пенезиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…