Кошаркарите на Фуенлабраде направија неверојатен пресврт во натпреварот против Бамберг.
Тимот од Шпанија губеше со осум поени разлика на 48 секунди до крајот и во тој краток период успеаа да го свртат резултатот во своја корист.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Фуенлабраде во тој период успеаа да постигнат 15 поени, а она што е најлудо последните три поени ги постигнаа со тројка со звукот на сирената.
Јан О’Лири му даде надеж на шпанскиот состав на 48 секунди до крајот кога погоди тројка и намали на – 5.
Фуенлабраде мораше да прави прекршок, па на линијата за слободни фрлања го испратија Тајрис Рајс кој погоди едно за 83:77. Во наредниот напад Томас Бејлас за гостите постигнува поени под прекршок, слободното фрлање го реализираше и на семафото во тој момент стоеше 83:80.
Рајс на 26 секунди до истекот на времето погоди слободно фрлање, Кристијан Ејенга неколку секунди подоцна уфрли тројка , 85:83. Следуваше луда завршница, а на две секунди до крајот видовме спектакуларна тројка на Франсис Крус за конечни 85:86.
VÍDEO. La remontada del @BFuenlabrada en la pista del @BroseBamberg en la @BasketballCL al completo: levantan ocho puntos en 48,1 segundos. @pakocruz9 estrella, @OLearyIanj, @christeyenga31 y @markopop006 co-protagonistas #BasketballCL pic.twitter.com/TFXpInp5HC
— Chema de Lucas (@chemadelucas) October 11, 2018