Дома Останати Авто Мото „27 секунди пекол“ – како Грожан успеа да се извлече?

„27 секунди пекол“ – како Грожан успеа да се извлече?

Maлку недостасуваше Роман Грожан да настрада во несреќата која се случи на трката во Бахреин кога со неговиот болид се заби во оградата.

Болидот се преполови и се запали, Грожан успеа брзо и без поголеми последици да го напушти болидот што беше вистинско чудо. Веднаш со хеликоптер беше пренесен во болница каде што беше потврдено дека заработил мали изгореници рацете.ж


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанска „Марка“ денес објави текст во кој ја реконструираше несреќата на Грожан под наслов „27 секунди пекол“.

„Помеѓу возачите се виде страв, но беше јасное  дека владееше и кај оние кои трката ја гледаа од своите домови. Никој до сега не искусил пекол на каков што сведочевме вчера. Болидот на Хас се преполови, а тоа придонесе да истече горивото. Вечно ќе се паметат запалените сцени во преносот во живо“.

Како Грожан успеа да се извлече?

Грожан знаеше дека болидот се напушта десет секунди после секој судир и веднаш почна да го откопчува појасот на седиштето. Иако преживеа вистински шок, успеа да остане присебен. Не успеа да го напушти болидот за 10 секунди, но го направи тоа за 27 секунди и се спаси од потешки последици.

Неговото одело може да издржи температуа од 800 степени најмалку 11 секунди а се покажа дека може подолго бидејќи беше потребно 15 секунди некој да дојде до болидот со апарат за гасење.

До него дотрча храбриот Јан Робертс кој во тие моменти не размислуваше дека болидот може да експлодира и на двајцата да им го одземе животот.

„Дојдовме пред глетка каква што немавме видено порано, она што се случи не е нешто за кое сме обучени. Возилото беше преполовено, од огнот двете половини не се ни гледаа. За среќа имавме апарат за гаснење и успеавме да изгасиме дел од огнот и да му помогнеме на Роман да излезе од болидот“.

„Кога го извлековме беше во шок. Визирот му беше растопен, но за среќа не вдиши многу токсичен чад па помина подобро од очекуваното. На крајот помина со мали изгореници што беше вистинско чудо“, изјави Робертс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…