Дома Трансфер зона Интер не се откажува од Киеза – ќе „жртвува“ тројца играчи

Интер не се откажува од Киеза – ќе „жртвува“ тројца играчи

Раководството на Интер не се откажува од намерата да го донесе Федерико Киеза во своите редови.

Младата ѕвезда на Фиорентина ова лето ќе биде главна трансфер цел на „нероаѕурите“ кои веќе прават план за негов ангажман.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој 22-годишен офанзивен фудбалер и минатото лето беше мета на Интер и Јувентус, но Фиорентина бараше голема отштета, па успеа да го задржи.

Самиот Киеза сака да ја промени средината ова лето, па Интер е спремен да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во Милано.

„Нероаѕурите“ се спремни да ги продадат Раџа Наинголан, Далберт и Валентино Лазаро за да финансира дел од трансферот на Киеза.

Фиорентина за неговата слобода бара најмалку 50 милиони евра, а интерес за играчот покажуваат уште ПСЖ и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…