Дома Фудбал Англија Ливерпул ќе се ослободи од Киеза: Италијанецот не може да одигра еден натпревар во Премиер лигата!

Ливерпул ќе се ослободи од Киеза: Италијанецот не може да одигра еден натпревар во Премиер лигата!

Италијанскиот фудбалер Федерико Киеза е пред заминување од редовите на Ливерпул кој полега го губи трпението со неговата форма.

Киеза до пред неколку години важеше за еден од најдобрите фудбалери во Европа и беше главен играч на Италија во освојувањето на Европското првенство во 2020 година.

Направи и трансфер во Јувентус каде што започна одлично, а потоа дојдоа проблемите со повредите. По неколку отсуства Киеза и една долга пауза од речиси цела сезона, Киеза не успеа да ја врати старата форма.

Тијаго Мота уште веднаш по своето доаѓање во Торино јасно стави до знаење дека нема да смета на него. Ситуацијата се обиде да ја искористи Ливерпуил кој го доведе.

Но, ниту во Премиер лигата Италијанецот не блеска. Од почетокот на сезоната одигра само 78 минути и запиша асистенција. Медиумите на Островот пренесуваат дека проблем е интезитетот на натпреварите во Премиер лигата на кои Киеза не е навикнат.

Според најавите Ливерпул би можел во јануари да го продаде или да го испрати на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еди Хау како можен наследник на Карик во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед го разгледува Еди Хау како потенцијален идни менаџер ако клубот реши да…