Дома Трансфер зона Киеза се поблиску до Наполи

Киеза се поблиску до Наполи

Крилниот напаѓач на Ливерпул, Федерико Киеза е се поблиску до преселба во Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата клуба веќе се во напредни преговори за трансферот, а за реализација на зделката помага и агентот на играчот, Фали Рамадани.

Киеза летото се пресели во Ливерпул од Јувентус за 12 мил. евра плус уште 3 во форма на бонуси. Сепак, тој никогаш не успеа да се наметне во тимот на Арне Слот, а причина за тоа се повредите кои го следат од почетокот на сезоната.

 Поради оваа причина, Италијанецот забележа скромни 123 минути на теренот оваа сезона и сака да ја промени средината.

Наполи бара засилување во нападот и смета дека Киеза ќе,му помогне во борбата за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…