Дома Трансфер зона Ќе успее ли Гвардиола да го „украде“ планираното засилување на Јувентус?

Ќе успее ли Гвардиола да го „украде“ планираното засилување на Јувентус?

Иако англиските медиуми на големо неодамна тврдеа дека фудбалерот од средниот ред на Ливерпул веќе се договорил со Јувентус, изгледа дека Гвардиола ќе се обиде во последен момент да го „украде“ планираното засилување на „старата дама“.

На Емре Чан на крајот од сезоната му истекува договорот со „црвените“, иако Ливерпул се обидува да го убеди да остане на „Енфилд“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германецот веќе е во преговори со Јувентус, неодамна се појави вест и дека се е договорено. Како и да е доколку не е сигурно е блиску.

Сепак, според последните информации од Англија Пеп Гвардиола има намера да се вклучи во трката за овој фудбалер.

Својата шанса и надеж дека не е ништо договорено, Гвардиола ја гледа во тоа што ниту клубовите, ниту фудбалерот не потврдиле дека работата е завршена.

Чан оваа сезона за Ливерпул во сите натпреварувања запиша 30 настапи, постигна три погодоци и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…