Дома Трансфер зона Љубовта кон Барса или парите во Париз – Меси летово ќе биде на сериозен тест!

Љубовта кон Барса или парите во Париз – Меси летово ќе биде на сериозен тест!

Уште од неговото заминување, Меси не престана да се поврзува со враќање во Барселона и во медиумите постојано се шпекулира дека би можел да се врати во Каталонија.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната и во следниот период се очекува да преговара за нов договор. Но, јасно е дека ако Меси сака да се врати ќе мора да прифати многу помала плата од онаа што ја добива во Париз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лапорта и Чави кога и да добијат прашање од новинарите на оваа тема не кријат дека би сакале Меси да се врати.

Новинарот на „АС“, Јоакин Марото истакна дека Меси на почетокот на летото ќе биде на голем тест – љубовта кон Барселиона или парите и нов договор со ПСЖ. Се шпекулира и дека Каталонците може да му понудат договор на две години, меѓутоа засега не е познато дали Меси ќе биде подготвен на вакво нешто.

Аргентинецот засега не се огласува за неговата иднина и веројатно за тоа ќе разговара на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…