Шампионот на Италија три пати се обидел да го доведе Гвардиола.
Гвардиола си го одржал зборот. Ниту за големи пари не се одлучи да го погази она што го кажал. Од Јувентус со сите сили се обеидувале да го убедат Каталонецот во последниот месец, но меѓутоа немале успех.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кога Масимилијано Алегри ја заврши мисијата во Јувентус управата на италијанскиот шампион вниманието го насочи кон Пеп Гвардиола.
„Еуроспорт“ денес објави дека на менаџерот на Сити во Торино му била понудена плата од 20 милиони евра по сезона, меѓутоа Пеп и таа сума ја одбил.
После негативниот одговор на Пеп Јувентус се свртел кон нови решенија, а се појасно станува дека нов тренер на „старата дама“ ќе биде Маурицио Сари.
Официјална потврда се уште нема, но скоро сите медиуми во Италија најавуваат дека тоа ќе се случи кога ќе го раскине договорот со Челзи, а тоа се очекува да биде многу брзо.