Макс Алегри е спремен повторно да ја промени формацијата, па вечерва Јувентус ќе го видиме во формација во која не се гледа така често.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алегри минатата сезона ја промени тадиционалната 3-5-2 формација во 4-2-3-1, но сега е спремен повторно да проба нешто ново.
Италијанските медиуми пренесуваат дека вечерва против Олимпијакос „старата дама“ ќе истржа со формација 4-3-3 бидејќи во тимот се враќа Сами Кедира.
Планот е јасен, Германецот ќе ги одработува дефанзивните задачи и ќе му дава поголема слобода на Пјаниќ и Матуиди.
Во нападот единствен сигурен е Дибала кој ќе игра малку по повлечено,а пред него ќе играат Даглас Коста и еден помеѓу Манџукиќ и Игуаин.