Дома Трансфер зона Јовиќ се сели во Серија А

Јовиќ се сели во Серија А

Реал Мадрид му порача на Лука Јовиќ слободно да си бара нов клуб бидејќи повеќе не е во плановите на Анчелоти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јовиќ во 2019 година потпиша за „кралевите“ во трансферот од Ајнтрахт Франкфурт, но се покажа како големо разочарување и едно од најлошите засилувања во историјата на тимот.

Карим Бензема игра во врвна форма, а тоа му направи дополнителен проблем на Јовиќ, кој не доби шанса оваа сезона да се наметне.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јовиќ е во напредни преговори со Фиорентина и дека може да се пресели во Серија А.

Фиорентина го сака на позајмица, а Јовиќ смета дека тоа е идеален клуб каде ќе ја „оживее“ својата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…