Дома Трансфер зона Ѕвездата на Атлетико Мадрид побара трансфер!

Ѕвездата на Атлетико Мадрид побара трансфер!

Младиот играч за врска на Атлетико Мадрид, Родри сака да го напушти „Ванда Метрополитано“ ова лето, пренесуваат шпанските медиуми.

22-годишниот играч за врска првите чекори во кариерата ги направи во Виљареал, а минатото лето се пресели во тимот на Диего Симеоне.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Причината поради која Родри сака да си замине од Атлетико Мадрид е силниот интерес од страна на Манчестер Сити и неговиот сонардоник Пеп Гвардиола.

Овој 22-годишен фудбалер со одличните натпревари во дресот на Атлетико Мадрид го привлече вниманието кон себе и на Манчестер Сити, кој е подготвен да ја плати клаузулата од 70 милиони евра за споменатиот фудбалер.

Гвардиола во него гледа идеален наследник на Фернандињо во средниот ред и веќе го известил раководството дека го сака во својот тим.

„Граѓаните“ наводно веќе стапиле во контакт со агентите на Родри и започнале преговори, па на крајот на сезоната би можеле да ја платат откупната клаузула од 70 милиони евра.

Ова би било голем удар за „јорганџиите“ кои ова лето сигурно ќе останат без Годин и Филипе Луиш, а голема е веројатноста и Гризман да побара трансфер.

Интерес за Родри покажува и Манчестер Јунајтед, кој исто така е спремен да ја плати клаузулата, но Сити е во предност поради Пеп Гвардиола

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…