Дома Фудбал Баерн подготвува подобар договор за Олисе, но Французинот бара нешто што може сѐ да промени

Баерн подготвува подобар договор за Олисе, но Французинот бара нешто што може сѐ да промени

Баерн сака да го продолжи договорот со Олисе, но еден детал може да ја промени ситуацијата во друг правец.

Во последно време сѐ повеќе се пишува за заминувањето на Михаел Олисе од Баерн, но баварскиот клуб не сака да чека ситуацијата околу францускиот репрезентативец да стане проблем.

Францускиот репрезентативец има договор со Баварците до летото 2029 година, но германскиот гигант веќе подготвува нови преговори. Според информациите од SPORT BILD, разговорите за продолжување на соработката треба да започнат по репрезентативната пауза.

Сепак, во Минхен знаат дека ги чека тешка задача. Олисе за Баерн стана многу повеќе од големо летно засилување. Французинот брзо се наметна како еден од најважните играчи на тимот, а неговите игри привлекоа внимание и надвор од Германија.

Токму поради тоа Баерн сака да реагира на време. Планот е да му се подобри договорот на Олисе, а Sport Bild наведува дека разговорите би можеле да бидат дури и потешки од оние што се водат со Хари Кејн. Во моментот во Баерн, наводно, не се сигурни ни кои се точните намери на играчот и неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Cловенечкиот селектор ја смирува еуфорија: Македонија не е светска класа

Словенија ја прекина негативната серија со победата од 2-0 над Македонија во синоќешниот н…