Дома Фудбал Покетино за случајот со Манчестер Сити: „Ако од 115 обвиненија си виновен за 114, тешко е да знаеш каква казна би била праведна“

Покетино за случајот со Манчестер Сити: „Ако од 115 обвиненија си виновен за 114, тешко е да знаеш каква казна би била праведна“

Маурисио Покетино го коментираше случајот со Манчестер Сити и бројните обвиненија за наводни прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата.

Поранешниот тренер на Челси и Тотенхем смета дека е тешко да се одреди соодветна санкција доколку клубот биде прогласен за виновен по најголемиот дел од обвиненијата.

„Многу е тешко, кога од 115 обвиненија ќе бидете прогласени за виновни за 114, да знаете каква треба да биде казната за да биде праведно“, изјави Покетино, пренесува ESPN.

Аргентинецот направи споредба и со случаите на Нотингем Форест и Евертон, кои во минатото добија санкции за прекршување на финансиските правила.

„Нотингем Форест или Евертон ги прекршија правилата и добија различни санкции, без разлика дали станува збор за одземање бодови или парични казни“, додаде Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата жестоко за Манчестер Сити: „Ова е најзначајниот дисциплински случај во историјата“

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, даде остар коментар по одлуката на н…