Дома Фудбал Јувентус повлече потег вреден 250 милиони евра: Пристигна вест која ја изненади Италија

Јувентус повлече потег вреден 250 милиони евра: Пристигна вест која ја изненади Италија

Јувентус објави дека ќе бара одобрување од акционерите за зголемување на капиталот до 250 милиони евра, со предупредување за нов финансиски загуба.

Торинскиот Јувентус соопшти во вторникот дека ќе побара од акционерите одобрување за зголемување на капиталот во износ до 250 милиони евра. На овој чекор Бјанконерите се одлучија откако стана јасно дека клубот и во тековната фискална година ќе работи со загуба.

Јувентус поради тоа ќе бара од акционерите зголемување на капиталот во една или повеќе транши до крајот на 2026 година, а овој потег има за цел зајакнување на капитална основа и спортска конкурентност на клубот, како и подобрување на стадионот и финансиската одржливост.

Главниот сопственик на Старата дама, холдиншката компанија Ексор која ја држи семејството Ањели, ќе ја поддржи прибирањето на капитал и веднаш ќе вложи 60 милиони евра.

Јуве за минатата сезона имаше загуба од 66 милиони евра, една година порано загубата изнесуваше 58,1 милиони евра, а со оглед на тоа што клубот не се квалификуваше во Лигата на шампионите, се очекува загуба и во тековната фискална година.

Сепак, во Торино се очекува постепено подобрување во наредните две години. Клубот планира големи инвестиции, особено во играчкиот кадар, а јасна желба е враќање на Бјанконерите на врвот на италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден гол во осум натпревари, сега се огласи Анчелоти: Реал има проблем што повеќе не може да се скрие

Винисиус Жуниор игра очајно на почетокот на новата сезона. Еден гол во осум натпревари за …