Искусниот чилеански стратег Мануел Пелегрини од денес и официјално има нов клуб. Како и што се најавуваше во претходните денови, Реал Бетис потврди дека Мануел Пелегрини ќе биде нивни нов тренер. Чилеанецот потпиша договор до 2023 година. 66 годишниот стратег последниот ангажман го имаше на клупата на Вест Хем, а претходно се прослави водејќи ги Виљареал, Малага и Манчестер Сити. …