Дома Фудбал Суарез открива: Меси ќе остане во Барса само под еден услов

Суарез открива: Меси ќе остане во Барса само под еден услов

Лео Меси летоска одлучи да ја напушти Барселона, но клазулата го задржи на Камп Ноу уште најмалку една сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во меѓувреме Аргентинецот остана без својот најдобар пријател од соблекувалната Луис Суарез, кој после шест години замина од Каталонија.

Искусниот Уругваец во разговор за ЕСПН открива една причина поради која Меси и натаму ќе го носи дресот на Барселона, а тоа е промената на клупското раководство.

„Постои можност Меси да заигра во друг клуб, но ако се смени раководството тој ќе остане. Како и да е, ќе го поддржувам и ќе бидам со него.“ – изјави Суарез.

Меси целата сениорска кариера ја помина во Барселона, а дали така ќе биде и до денот кога ќе се опрости од фудбалот зависи од изборот на раководството во каталонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Направени се илјадници симулации за Светското првенство, веќе се знае кого ќе го гледаме во финалето?!

Со синоќешниот натпревар меѓу репрезентациите на Канада и Јужна Африка започна нокаут-фаза…