Најголемото дерби во шпанскиот фудбал помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра на 24-ти октомври во 16 часот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес Ла Лига официјално ги објави термините за следните кола, па „Ел Класико“ повторно ќе се игра во попладневен термин, а главна причина за тоа е азискиот пазар.
И минатото „Ел Класико“ требаше да се игра од 13 часот, но поради нередите во Каталонија беше одиграно на 18 декември наместо на 26 октомври, и тоа во ноќен термин.
Во сезоната 2017/18 првото „Ел Класико“ се играше од 13 часот, додека второто на „Камп Ноу“ почна во 16.15 часот.
Ова ќе биде прво „Ел Класико“ за оваа сезона и за жал ќе се игра пред празни трибини на „Камп Ноу“.