Легендата на Барселона, Карлес Пујол проговори за конфликтот помеѓу Лионел Меси и раководството на клубот.
Меси ова лето сакаше да ја напушти Барселона и дирекно го обвини раководството за тоа, а Пујол вели дека тој не може да ја замисли Барселона без Аргентинецот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Како секој навивач на Барселона, не сакам Меси да замине, но тоа е фудбалот. На крајот тој реши да остане, а неодамна кажа дека е мотивиран и дека сака да победува и се надевам дека ќе остане уште многу години во Барселона. Тој е еден од најдобрите на светот и лигата добива многу до тоа што е тој тука“, вели Пујол.
„Не можам да ја замислам Барселона без Меси. Се надема дека ќе продолжи да игра на истото ниво како претходно. Кој знае, можеби ќе остане уште многу години во Барса“, додаде Пујол.