Лос Анџелес Лејкерси остварија победа над Феникс Санс со резултат 117:107.
Лејкерси победија трет пат во низа, 27. оваа сезона. Воедно ја прекинаа серијата од Санс на две врзани победи. Домаќините доминираа во првата четвртина. Се им одеше од рака па беа видени неколку атрактивни потези. После првите 12 минути резултатот гласеше 43:17.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До полувремето разликата беше 33 поени што е најголема предност која Лејкерси ја имале после две четвртини уште од февруари 2008 година.
Во продолжение Феникс значително ја поправи играта, го поправија Санси и процентот на шутот. Сепак, се што можеа е само да го ублажат поразот.
Леброн Џејмс го забележа осмиот трипл-дабл во сезоната и натпреварот го заврши со 31 поени, 13 скокови и 12 асистенции. Ентони Дејвис уфрли 26 поени и додаде 11 скокови и 2 асистенции.
Кај Санси најдобар беше Девин Букер со 32 поени, два скока и седум асистенции. Кели Убре додаде 26 поени, деандре Ајтон забележа дабл-дабл од 16 поени и 14 скокови. Лејкерси во овој момент се лидер на западот, додека Санси се 10-ти.
Во останатите три натпревари Милвоки дома ја победи Минесота (106:104), Никси исто така на свој терен триумфираа против Портланд (117:93), додека Орландо запиша гостинска победа против Вашингтон од 101:122.