Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси тонат: И во петтиот натпревар не победија!

Лејкерси тонат: И во петтиот натпревар не победија!

Лос Анџелес Лејкерс се поразени и на петтиот натпревар од почетокот на новата сезона во НБА лигата, изминатата ноќ Минесота беше подобра со 102:111.

Леброн Џејмс повторно влезе во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот како кошаркар со најмногу натпревари на кои постигнал повеќе од 20 поени, вкупно 1.135. Леброн така го прескокна Карл Мелоун кој остана зад „кралот“ со еден меч помалку со ваква статистика.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, тоа не користи многу за неговиот тим, Лејкерси не се сеќаваат на ваков почеток во ниту една од досегашните 20 сезони во НБА. Во овој натпревар беа без Ентони Дејвис, додека Вестбрук започна од клупата и уфрли 18 поени. Леброн беше најефикасниот со 28. Кај Минесота 29 поени постигна Едвардс, Гобер стигна до дабл-дабл со 22 поени и 21 скок.

Денвер стигна до четвртиот триумф оваа сезона, славеа против Јута со 117:101. Јокиќ не беше премногу поентерски расположен, но постигна дабл-дабл со 12 поени и 10 скока.

Интересно беше во Бостон каде што Кливленд славеше победа со 132:123 после едно продолжение, Леверт и Донован Мичел постигнаа по 41 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Атланта 112-136, Орландо – Шарлот 113-93, Бостон – Кливленд 123-132 (п), Вашингтон – Индијана 117-127, Торонто – Филаделфија 90-112, Милвоки – Њујорк 119-108, Минесота – ЛА Лејкерс 111-102, Сан Антонио – Чикаго 129-124, Денвер – Јута 117-101, Феникс – Њу Орлеанс 124-111, Портланд – Хјустон 125-111.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…